Руски беспилотни летала утрово го нападнаа украинското пристаниште Одеса, соопштија локалните власти, истакнувајќи дека нападот предизвикал штета, пренесува „Гардијан“.
Непријателот штотуку ја погоди Одеса и областа околу Одеса со офанзивни беспилотни летала, соопштија локалните власти во соопштение на Фејсбук.
Предизвикана е штета, се вели во соопштението без дополнителни детали, пренесува британскиот весник.
⚡️ Puissante explosion et lueur dans la rue Tairova à Odessa
Boule de feu, rien d'autre pic.twitter.com/tJ4grxD8cb
— Brainless Partisans 🏴☠️☢️☣️🪆 (@BPartisans) April 4, 2023
Според соопштението на украинската армија, силите за противвоздушна одбрана биле активни и предупредуваат на можен втор бран напади.
Украинските одбранбени сили уништија 14 од 17 ирански дронови Шахид, кои Русија ги лансираше во текот на ноќта, веројатно од областа на источниот брег на Азовското Море, соопшти украинската војска, а 13 беспилотни летала беа уништени над регионот Одеса на југозападот на земјата.
Ukrainian officials say Russia launched 17 drone overnight to attack the city of Odessa pic.twitter.com/FhOy06bhe9
— TRT World Now (@TRTWorldNow) April 4, 2023
Јужната воена команда на Украина соопшти дека беспилотно летало погодило компанија во областа Одеса, предизвикувајќи пожар, кој бил изгаснат до утрото.
„Според прелиминарните информации, нема човечки загуби“, се вели во соопштението на украинската команда.