Во тоа се гледа нашето државничко постапување сите овие години – во преземањето храбри одлуки кои утре ќе го направат подобар животот на сите граѓани, без разлика дали тие достигнувања се случиле во еден мандат на една Влада. Ние не сме тие кои ќе калкулираат со ситни политички поени, туку сме тие кои ги решаваат крупните прашања напластени со децении, без партиски калкулации и само за јавен интерес, изјави премиерот Димитар Ковачевски на церемонијата при поставувањето на камен темелник на проектот Коридор 8.
Ковачевски истакна дека со геостратешката позиција и Коридор 8, Македонија станува неизбежна транспортна рута, како во регионот, така и пошироко.
-Toa e камен темелник и на нови инвестиции, отворање на нови пазари, можности за нови соработки, како меѓу домашните, така и со странските компании. Се отвораат нови работни места, нов економски развој. Тоа значи поврзување на државата со другите земји од Европа, развиен туризам и безбедни и сигурни патишта за граѓаните. С. Македонија ако досега беше кружен тек, сега со овој Коридор 8, станува вистинска раскрсница на Балканот, рече меѓу другото премиерот.