Косовскиот премиер Аљбин Курти синоќа ѝ честиташе на Финска за приемот во НАТО.
„Иако Косово сè уште не е членка на НАТО, нашето ослободување од геноцидната цел на Србија и мирот што го уживаме се длабоко вткаени во мисијата на Алијансата да ја штити слободата“, напиша Курти на Твитер и додаде:
„По повод 74-годишнината, ја изразуваме нашата континуирана благодарност и ѝ честитаме на нејзината најнова членка, Финска“.
Though 🇽🇰 is not a NATO member yet, our liberation from Serbia's genocidal aim & the peace we enjoy is deeply woven into the Alliance's mission for safeguarding freedom. On its 74th anniversary, we express our continued gratitude & congratulate its new member Finland!
— Albin Kurti (@albinkurti) April 4, 2023
Да потсетиме, претходно вчера Финска и официјално стана 31-ва членка на НАТО.
Last steps before joining #NATO.
FM @Haavisto signed Finland’s instrument of accession to NATO.
#FinlandNATO pic.twitter.com/lRqOIVRDZ1— Finland at NATO (@FinMissionNATO) April 4, 2023
Со овој чин, должината на руската граница со земјите-членки на НАТО сега е двојно зголемена. Финска дели 1.340 километри источна граница со Русија и официјално поднесе барање за влез во НАТО во мај минатата година, заедно со Шведска.
„Ова ќе ја направи Финска побезбедна, а НАТО посилен“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Кандидатурата на Шведска заглави поради противењето на Турција.
Имено, претседателот Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да прифати членство додека не се решат споровите со Стокхолм. Тој го обвинува Стокхолм дека ги прифаќа курдските милитанти и им дозволува да демонстрираат на улиците.
Исто така, сè уште се чека Унгарија да ја одобри кандидатурата на Шведска, иако Столтенберг соопшти дека НАТО ќе се погрижи Шведска да стане следната членка на алијансата.