Лукашенко пристигнува во Москва: Интерен документ откри „пеколен план“

од Stefanija Kuzmanovska
153 прегледи

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во среда отпатува за Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, негов близок сојузник, за низа теми меѓу кои ќе доминира војната во Украина.

Лукашенко и Путин треба да разговараат за напредокот во создавањето на сојузна држава Русија и Белорусија, се наведува во соопштението од Кремљ.

Според внатрешен документ во кој претходно имале увид некои медиуми, Русија планира да преземе целосна контрола над соседна Белорусија најдоцна до 2030 година, под изговор за спојување на двете земји.

На вториот ден од посетата на руската престолнина, Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелните билатерални и меѓународни прашања“, се наведува во соопштението.

Меѓу билатералните прашања е и распоредувањето на тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија директно на границата со Полска, што Путин го најави за време на викендот.

Слични содржини