Ние лидерска средба имавме во декември на моја иницијатива, на која разговаравме за најважните стратешки прашања. Тогаш сите лидери на партии се сложија од потребата за носење на уставните измени, освен еден кој што ќутеше и двајца кои што не дојдоа. Затоа сметам дека нема потреба од лидерска средба, со оглед дека ставовите се познати, вака премиерот Димитар Ковачевски одговори на предлогот на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за свикување лидерска средба за објаснување на предлогот устав по теркот на хрватскиот модел.
За премиерот, лидерската средба не е институционален формат за носење на конкретни решенија.
-Во однос на тоа да се води дебата за уставните измени, таа е структуирана. Дебата за уставните измени не се води на телевизија или кога се пуштаат градежни работи на канализициски цевки во одредени општини. Дебатата се води во експертска работна група и каде што врз основа на уставно право, се дефинираат амандмани кои потоа се ставаат на јавна расправа, рече Ковачевски како одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата со неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ.