Димитриевски: МТСП одзема ингеренции на Општина Куманово за поставување на кадар за директор во градинката „Ангел Шајче“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
182 прегледи

„Историјата се повторува. Пред неполни четири години на Општина Куманово до ден денеска под неразјаснети околности му беа одземени ингеренциите со градинката „Ангел Шајче“ – Куманово. И тогаш, Министерството за труд и социјална политика во нетранспарентна и недемократска постапка ја реизбра актуелната директорка на оваа институција и даде можност да менаџира со оваа установа неполни 2 децении“, вели Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на прес.

„Повторно ова ресорно министерство преку министерката Јованка Тренчевска врши обид за одземање на ингеренциите на Општина Куманово на јавната општинска установа детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово, а со тоа недвосмислено се обидува во нетранспарентна постапка вршејќи притисок на локалната самоуправа да се изнуди ново решение за директор коешто евентуално би било избрано по партиски клуч и остава простор за таков избор со еднострано постапување од нивна страна, спротивно на законот и заложбите според Уставот за децентрализација на власта во државата.

Имено, јас како градоначалник на 29 март без претходно извршен инспекциски надзор од страна на Секторот за инспекциски надзор во областа на социјалната заштита и заштита на деца којшто е под надлежност на ресорното министерство добив укажување на определени материјални и процедурални недостатоци во работата на органите на општината со кое укажување ми предочија во најкус можен рок и тоа замислете од еден ден од приемот на истото укажување, рок кој е апсолутно неразумен и не е предвиден со ниту еден законски пропис во државата којшто е во сила, ме задолжија како градоначалник да отпочнам со постапка за објавување на јавен оглас за избор на директор во ЈОУ „Ангел Шајче“ – Куманово.

Секако, од страна на општината е постапено во целост со укажувањето и на 31 март е издадено решение за објавување на јавен оглас за избор на директор во ЈОУ детска градинка „Ангел Шајче“, истото е препратено до ресорното министерство и до оваа јавна установа“, вели Димитриевски.

Слични содржини