Мицкоски се сретна со Пленковиќ, разговарале за „тешката економска ситуација во земјава, инфлацијата и растечката сиромаштија“

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево оствари средба со хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ, кој е во посета на земјава.

Како што соопшти партиската прес-служба, на средбата биле потврдени добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Хрватска.

Станало збор и за активната соработка помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ при што се нагласи дека и понатаму таа соработка ќе продолжи и ќе се надоградува, стои во соопштението.

На средбата соговорниците разговарале и за актуелната политичка и економска состојба, и евроинтегративниот процес на земјата.

-Мицкоски истакна дека Македонија треба да биде дел од големото европското семејство и Македонија единствено ја гледа како рамноправна членка на ЕУ за што ја побара и поддршката од пријателска Хрватска, наведуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека во текот на разговорите Мицкоски исто така ја истакнал и загриженоста за тешката економска состојба во која што се наоѓа државата, инфлацијата и растечката сиромаштија.

Слични содржини