Пјонгјанг: САД и Јужна Кореја ја доведуваат ситуацијата до работ на нуклеарна војна

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Северна Кореја денеска ги обвини САД и Јужна Кореја за ескалација на тензиите до работ на нуклеарна војна поради нивните заеднички воени вежби и вети дека ќе одговорат со „офанзивна акција“, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на државните медиуми во Пјонгјанг.

Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа, на работ на нуклеарна војна“, објави државната новинска агенција КЦНА.

Американските и јужнокорејските сили спроведуваат серија годишни пролетни воени вежби од март, вклучително воздушни и поморски вежби во кои учествуваат американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52, а видена е и најголемата заедничка симулација на амфибиски напад во последните пет години.

Слични содржини