Србија најавува заеднички железнички станици со Северна Македонија, Црна Гора и Унгарија

од Nikola Popovski
281 прегледи

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ најави заеднички железнички станици со Северна Македонија, Црна Гора и Унгарија, што, како што рече, значително ќе го забрза движењето на патници и стоки.

„Ќе имаме заедничка товарна железничка станица, така што возовите повеќе нема да застануваат на граница, туку ќе се вршат контроли на Табановце. Во средината на мај во Бијело Поље ќе отвориме заедничка железничка станица со Црна Гора, така што возовите веќе нема да застануваат на граница, туку во Бијело Поље ќе имаме царина и полиција, и српска и црногорска, и се ќе биде направено на едно место“, рече Весиќ.

Тој во гостувањето на „Euronews“ рече дека на сличен начин со Унгарија е договорено заедничката железничка станица да биде во Сегед за возот Сегед-Суботица, кој, како што вели, ќе тргне во октомври. Во Сегед ќе се врши царина и пасошка контрола и оттаму возот без застанување ќе влегува на територијата на Србија.

Весиќ изјави дека брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта ќе биде завршена во 2025 година и додаде дека нивниот дел од пругата ќе го завршат до 2024 година.

„До Нови Сад направивме 75 километри, а сега правиме 108 километри меѓу Нови Сад и Суботица. Кога ќе го завршиме нашиот дел од брзата пруга, Унгарците ќе ги завршат своите приближно 150 километри во 2025 година, пробниот период трае шест месеци, а брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта ќе започне со работа“, рече Весиќ.

Слични содржини