168
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе добие финансиска поддршка од Владата за изградбата на „Качанички пат“, информира денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби.
Според него, владата веќе наменски доделила 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат“ (во Визбегово) до скопската обиколница.
-Во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги започнавме последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт за да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот, обелодени Груби.