Си кон Лејен: Ќе разговарам со Зеленски кога условите и времето ќе бидат соодветни

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изрази подготвеност да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, откако францускиот претседател Емануел Макрон го повика Пекинг да ја вразуми Русија за војната во Украина.

„Интересно беше да се слушне дека претседателот Си ја повтори својата подготвеност да разговара со Зеленски“, рече Фон дер Лејен, оценувајќи ги неговите зборови како позитивни, објави Ројтерс.

„Си рече дека разговорите би можеле да се одржат кога „условите и времето се соодветни“, рече таа.

Зеленски постојано бара од Си да се сретне со него, како и откако кинескиот лидер го посети рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец.

Француски дипломатски извор изјави за Ројтерс дека Си е „подготвен“ да разговара со Зеленски.

„Кина е подготвена да ја подобри стратешката меѓусебна доверба со Европската унија“, рече Си.

„Кина и ЕУ треба да воспостават правилен однос на меѓусебно разбирање и да избегнуваат недоразбирања и погрешни проценки“, истакнал Си на средбата со претседателот на Европската комисија, јави кинеската државна телевизија, пренесе Танјуг.

Слични содржини