Турција се надева дека Шведска ќе ги исполни своите обврски за влез во НАТО што е можно поскоро

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска му рекол на својот американски колега Лојд Остин дека членството на Финска во НАТО ја покажува поддршката на Анкара за проширувањето и се надева дека Шведска ќе ги исполни своите обврски што е можно поскоро.

Како што соопшти турското Министерство за одбрана, за време на разговорот двајцата министри разговарале и за важноста за брзо завршување на барањето на Турција за купување и модернизација на борбени авиони Ф-16, пренесе Ројтерс.

Како што претходно пишуваше „Волстрит журнал“, Турција треба да купи 40 нови ловци Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и комплети за ремонт на постоечките 79 такви авиони во турската флота.

Слични содржини