Порно ѕвездата Сторми Данијелс откри дека добивала „пореметени“ смртни закани од приврзаниците на MAGA (слоганот на Трамп – Make America Great Again), кои ги спореди со бомбашите самоубијци, додека на нивниот лидер Доналд Трамп му се суди за пари кои ѝ биле исплатени на Данијелс за да молчи за нивната наводна афера, во пресрет на изборите во 2016 година.
Во интервјуто емитувано во четвртокот, актерката од филмови за возрасни му рече на колумнистот Пирс Морган во неговата емисија на Фокс – „Нецензурирано со Пирс Морган“ – дека заканите станале уште пострашни, бидејќи Трамп може да се соочи со затворска казна доколку судот на Менхетен го прогласи за виновен, објави „Њујорк пост“.
„Тие (приврзаниците) суштински чувствуваат дека прават нешто добро. Дека се патриоти. И сега тоа го прават во стил на бомбаш самоубиец. Тие искрено, во длабочините на душата, веруваат дека прават нешто добро “, рече Сторми.