Модерна: Вакцини против рак и срцеви заболувања ќе бидат готови до 2030 година

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Вакцините против рак и срцеви заболувања ќе бидат „готови до крајот на деценијата“, а милиони животи би можеле да бидат спасени со револуционерни нови вакцини против низа болести, најавија експертите.

Водечката американска фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека е уверена дека вакцините против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести, како и други состојби ќе бидат готови до 2030 година, објави денеска „Гардијан“.

Главниот медицински директор на Модерна, д-р Пол Бартон, рече дека верува оти компанијата ќе може да понуди вакцини против „сите видови болести“ за само пет години.

Слични содржини