Блинкен ја отфрла можноста за преговори за прекин на огнот меѓу Русија и Украина

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Американскиот државен секретар Антони Блинкен ја отфрли идејата за преговарање за прекин на огнот меѓу Украина и Русија во овој момент.

„За некои, идејата за прекин на огнот може да биде примамлива и јас го разбирам тоа. Но, ако се сведува на практична ратификација на руската окупација на значајни украински територии, тогаш тоа нема да биде праведен и траен мир“, рече Блинкен за медиумската група „Функе“, пренесе „Тагешау“.

Според Блинкен, Русија би можела да ги прегрупира трупите и да нападне повторно по одредено време.

Слични содржини