Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско

од Nikola Popovski
133 прегледи

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е нормализиран во двата правци, информираат од АМСМ, откако беше во прекин неколку часа поради сообраќајна несреќа на местото викано Тројаци.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, додаваат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во соопштението.

Слични содржини