Макрон смета дека Европа мора да ја намали зависноста од САД

од Nikola Popovski
132 прегледи

Европа мора да ја намали зависноста од САД и да избегне да биде вовлечена во конфликтот меѓу Кина и Америка за Тајван, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во интервјуто во неговиот авион на враќање од тридневната посета на Кина.

Во разговор со новинарот на Политико и двајца француски новинари, Макрон ја повтори својата теорија за „стратешка автономија“, која подразбира Европа, веројатно предводена од Франција, да стане „трета суперсила“.

-Европа се соочува со голем ризик бидејќи „влезе во кризи кои не се наши, а тоа ја спречува да ја изгради својата стратешка автономија, рече Макрон.

Кинескиот претседател Си Џинпинг го одобри концептот на Макрон за стратешка автономија, а кинеските власти постојано се повикуваат на него во односите со европските земји.

-Би било парадокс ако, совладани од паника, веруваме дека сме само американски следбеници, а прашањето на кое Европејците треба да одговорат е дали е во наш интерес да ја забрзаме кризата во Тајван, а мојот одговор е не, рече Макрон.

Најлошо би било, предупреди тој, ако ние Европејците мислиме дека мораме да станеме следбеници на оваа тема и да се угледаме на американската агенда и преголемата реакција на Кина.

Слични содржини