Адвокатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џим Трасти, денеска изјави дека е фокусиран на отфрлање на неодамнешното обвинение против Трамп, а не на агресивната реторика на неговиот клиент за судијата и обвинителот на Менхетен.
„Мислам дека предлозите за отфрлање мора да бидат приоритет, бидејќи тие на прво место ја „ампутираат“ оваа правна грешка“, изјави Трaсти за „ABC“.
Запрашан да каже што мисли за вербалниот напад на Трамп врз судијата Хуан Меркан, неговото семејство и окружниот обвинител Алвин Брег, што доведе до тоа Трамп да биде предупреден пред судот во вторникот да внимава на своите зборови, Трасти рече дека тој лично не сака да се приклучи на критиките.
„Не се грижам премногу, ниту можам да се обидам да ја контролирам политичката ситуација во моментов“, додал Трасти.
На Трамп му се суди во Њујорк под обвинение дека преку посредник ѝ давал пари на порно-ѕвездата од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс да не излезе во јавноста пред изборите во 2016 година и да не зборува за нивниот наводен сексуален однос и врска.