Димитриевски: Куманово гради мултиетничко општество, во мојот кабинет има бугарско знаме

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во утринското гостување на Канал 5 телевизија истакна дека Куманово е град којшто гради мултиетничко општество.

„Покрај македонскиот народ, имаме уште девет етнички заедници, вклучувајќи ја и бугарската, иако не е признаена со Уставот, во мојот кабинет има знаме на бугарска заедница, бидејќи на последниот попис имаме околу 350 лица коишто се изјасниле како бугари. Дефинитивно, Куманово е град којшто има душа, град кадешто имате на едно место спој на европскиот континент и ориентот Азија. И дополнително, тоа се сите наши позитивни вредности. Значи, град кадешто на една улица имате слаткарница од една страна најпопуларната „Зафир“, а од друга страна слаткарница “Баш Пеливан” кадешто сопственик е Албанец и луѓето имаат можност да го почувствуваат тоа. Град којшто има корзо, а велат град којшто има корзо има и душа. Верувам дека во иднина уште повеќе ќе се разивива, затоа што е потребна нова инфраструктура“, потенцираше Димитриевски.

Во однос на имплементирање на локални проекти, тој изјави дека оваа година влегуваат во инвестиција на малиот градски плоштад.

„Интензивно работиме на градскиот парк којшто не беше со децении уреден, вложуваме сериозни средства и во централно градско подрачје и во приградските населби кои се огромни. Сметам дека времето е зад нас кога Куманово живееше во застој, но она што е најважно што го спомнавте, мултиетницизмот, тој од којшто сите ние можеме да добиеме сум најсреќен како градоначалник“, рече Димитриевски.

Тој информираше дека Македонија е една од најцентрализираните држави и ќе мора многу да работи на планот на фискална децентрализација, бидејќи проблемите на локално ниво се реални на терен а средствата се очекуваат да дојдат од централно ниво.

Слични содржини