Макрон критикуван за изјавата дека Европа не треба да биде вазал на САД

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде на удар на критиките од двете страни на Атлантикот откако рече дека Европа не треба да стане „вазал“ и дека мора да избегне да биде вовлечена во каков било конфликт меѓу САД и Кина околу Тајван, според „Гардијан“.

Францускиот претседател ова го изјави во интервју по тридневната официјална посета на Кина.

Макрон за „Ехо“ и „Политико“ изјави дека Европа треба да биде трета сила во светскиот поредок, по САД и Кина.

Слични содржини