158
Директорот на битолската клиничка болница, д-р Александар Обедниковски поднесе оставка од функцијата.
Оставката следи откако вчера почина новороденче, додека се уште не се стивнати реакциите од ненадејната смрт на шестгодишната Јана.
Д-р Обедниковски за „Независен“ кусо потврди дека утре официјално ќе поднесе оставка од функцијата директор „од морални причини“.