Скопската полиција поднела кривична пријава против лицето кое неодамна изврши убиство во казино во скопската населба Капиштец.
-На 31.03.2023 околу 08.02 часот во казино на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, Џ.С. со пиштол пукал во Н.А.(46) од с.Арачиново, со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. подлегнал на повредите.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, по преземени мерки и активности, како и врз основа на извршените вештачења, утврден е идентитетот на сторителот на кривичното дело, а обезбедено е и огненото оружје со кое Џ.С. го извршил кривичното дело, стои во соопштението од МВР.
Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството.