Вулканот Шивелуч продолжува да исфрла пепел, издадено предупредување (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Активниот вулкан Шивелуч, на оддалечениот руски полуостров Камчатка, денеска продолжи да еруптира и да исфрла пепел во височина до 10 километри, поради што предупредувањето за воздушен сообраќај се уште е на сила.

Еден од најактивните руски вулкани започна да еруптира малку по полноќ во вторник, по локално време, а на својот врв, шест часа подоцна, облакот од пепел се прошири на површина од 108.000 квадратни километри, пренесува „Ројтерс“.

Во најновиот билтен на огранокот на Камчатка на Геофизичкиот институт на Руската академија на науките, објавен денеска, се наведува: „Ерупцијата на вулканот Шивелуч продолжува. Според сателитски податоци, емисијата на пепел достигнала околу 10.000 метри надморска височина“.

Слични содржини