Мицкоски: Пендаровски е најпосакуван противник на опозицијата на следните претседателски избори

од Nikola Popovski
105 прегледи

Пендаровски не престанува да се нуди на владеачката коалиција, мислејќи дека повторно ќе биде претседателски кандидат. Јас морам да го разочарам и да му кажам дека тој е најпосакуваниот противник за опозицијата на следните претседателски избори, бидејќи ќе изгуби. Сите овие гимнастики на отворена сцена не му доликуваат, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, „шефот на државата Пендаровски е лош пример за претседател“.

-Човек се чуди на глупостите. Претседателот како аналитичар се служи со народни мудрости и јас го повикувам да не се крие позади Собранието и тие законски решенија да не ги потпише. Го има тоа како можност, рече меѓу другото Мицкоски.

Пендаровски вчера во дебатна емисија рече дека е против законските измени со кои се предвидува зголемување на работната недела од 40 на 60 часа за потребите на конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да ги гради Коридорите 8 и 10Д.

На прашање дали се сомнева во нашите локални авторитети, тој одговори дека во секое жито има какол.