МОЖЕБИ звучи контраинтуитивно, но губењето килограми во староста може да го зголеми ризикот од рана смрт, сугерира една нова студија.
Како што пренесува британски „Дејли Мејл“, веќе е познато дека прекумерната тежина е поврзана со голем број здравствени проблеми. Но, истражувањето на научниците од Универзитетот Монаш во Мелбурн покажа дека луѓето кои изгубиле тежина на возраст над 65 години имаат третина поголем ризик да умрат во рок од четири години.
Истражувачите веруваат дека не е само губењето на тежината што ги става на поголем ризик од рана смрт, туку и причината за слабеењето игра голема улога. На пример, обичната настинка, дијабетес, деменција и болести на срцето, белите дробови, бубрезите или црниот дроб може да предизвикаат ненадејно губење на апетитот кај луѓето. Истражувачите следеле околу 17.000 возрасни на возраст од 65 и повеќе години. Телесната тежина и обемот на половината на учесниците биле измерени на годишните прегледи помеѓу 2010 и 2014 година.
Резултатите покажале дека мажите кои изгубиле повеќе од 10 отсто од својата телесна тежина имале речиси 290 отсто поголем ризик од рана смрт отколку мажите кои одржувале оптимална телесна тежина. Од друга страна, жените кои изгубиле повеќе од 10 отсто од својата телесна тежина во поодмината доба имале 114 отсто поголема стапка на смртност.
Поврзаноста беше откриена меѓу почетните тежини, што значи дека дури и оние луѓе кои биле премногу дебели се изложени на поголем ризик од рана смрт доколку изгубат повеќе од пет проценти од нивната телесна тежина.
Губењето на тежината е поврзано и со раната смрт од рак.