Аврамовска Мадиќ: Внесувањето на другите народи во Преамбулата нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ

од Nikola Popovski
124 прегледи

Заменичката на министерот за правда, Викторија Мадиќ-Аврамовска во вечерашното гостување во тема на денот на ТВ Сител рече дека внесувањето на другите народи во Преамбулата на Уставот нема да го загрози идентитетот на македонскиот народ.

,„Жалам што опозицијата не прифати да учествува во работната група за уставни измени. Предлагач на уставните измени е Владата. За да дојде текстот во Собранието, некој треба да го подготви, да го даде на Владата и таа да го предложи во Собрание“, потенцира Аврамовска Мадиќ.

Заменичката на министерот за правда, осврнувајќи се на работната група посочи дека се очекува наскоро таа да се комплетира со експерти и да ги утврди начинот и методологојата на работа.

„Собранието доколку се произнесе дека има потреба од отворање на Уставот, односно има 80 пратеници, процедурата за уставните измени ќе продолжи во Комисијата за уставни прашања. Ние ќе и оставиме на работната група да се произјасни за она за што сметаат дека треба да влезе во измените“, рече Аврамовска.

Слични содржини