Поранешниот функционер и министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров вели дека најголемата опозициска партија добро почна по прашањето за уставни измени, „но дека свртиле ултра-националистички лист и влегоа во замката“.
-Се обидоа да се извлечат со предлогот за хрватски модел на Уставот, но тоа ми пречи. Јас сум длабоко убеден дека знаат тоа што Албанците го добија со војна во 2001 година, нема шанси да го изгубат во мир. Тоа беше една од причините на таа промена. Рамковниот и Преспанскиот договор се договори на кои најмногу внимава меѓународната заедница и се дел од извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден. Кој ќе ризикува тоа да го негира кај нас? Нема шанси да ризикуваат. Тоа се утопистички верувања, рече Тодоров во емисијата „Студио 10“.
Тој порачува дека „ние самите мораме дома да направиме нешто“.
-Ако не можат да седнат на маса и да кажат дека имаме проблем што треба да се реши и да разговараат меѓу себе најголемите партии, тогаш ништо не сме направиле, рече Тодоров.