Советник на Зеленски: Унгарците плаќаат за ножот со кој е обезглавен украинскиот бранител

од Nikola Popovski
108 прегледи

Олех Устенко, економскиот советник на претседателот на Украина, рече дека низата договори кои ја зајакнуваат енергетската соработка на Унгарија со Русија само ќе ја продолжат агресијата врз Украина и ја повика Европската унија да ги блокира.

Советникот на Зеленски рече дека Унгарија, преку своите договори со Русија, ја спонзорира нејзината војна во Украина, вклучително и воените злосторства.

„Ако сте го виделе видеото каде Русите му ја отсекуваат главата на украинскиот војник, значи Унгарците го плаќаат ножот. Мора да бидете целосно слеп за да не видите какви злосторства спонзорирате. Купувањето повеќе гас од Русите значи дека вие им даваат поголем капацитет за ескалација на војната“, нагласил Устенко.

Тој ја повика Европската унија да го „изврши сиот можен притисок“ врз Будимпешта за да ја спречи Русија да добие повеќе готовина во замена за испораката на енергенси за Унгарија.

„Унгарија добива финансиска поддршка од Брисел, така што ова е одлична алатка што може да се искористи веднаш. Тие го прават тоа на сметка на сите. Се обидуваат да ги добијат тие компаративни предности бидејќи продолжуваат да соработуваат со режимот во Кремљ“, рекол Устенко.

Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ја посети Москва, каде постигна договор за зголемување на испораката на гас од Русија и обнови уште еден договор за финансирање на нуклеарната централа Пакс.

Патувањето на Сијарто во руската престолнина ја разликува позицијата на Будимпешта од другите земји од Европската унија. Повеќето членови на 27-члената унија се оградија од рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата на Украина и се обидуваат да ги одвикнат своите земји од руските фосилни горива.

Унгарската влада активно лобира во ЕУ да ги укине сите санкции наметнати на рускиот гас, нафта и нуклеарно гориво и се закани дека ќе стави вето на предложените акции на ЕУ против Москва.

Сијарто е еден од ретките функционери од земја-членка на ЕУ кој се сретнал со руски претставници во Москва од почетокот на војната во Украина.

Слични содржини