Во Урошевац запленети илјадници фалсификувани монети внесени од Македонија

од Vladimir Zorba
191 прегледи

Две лица се уапсени кај Урошевац откако полицијата во нивните возила открила повеќе од десет илјади лажни монети од две евра, кои ги донеле од С. Македонија, соопшти полицијата.

Според соопштението, полицијата запленила 50 пакети со вкупно десет илјади фалсификувани пари во монети од две евра, а во акцијата биле запленети уште 600 евра фалсификувани монети, јавува РТС.

Привремено, покрај одземените фалсификувани пари, два автомобила „мерцедес“ и „опел“ и телефон сопственост на уапсениот А.Л., и уште еден мобилен телефон сопственост на уште еден уапсен В.Ф.

Од спроведените истражни дејствија и изведените докази се сомнева дека постои основано сомнение дека осомничените А.Л и В.Ф сториле кривично дело „фалсификување пари“.

Уапсените со решение на обвинителството добија 48 часовен притвор.

Слични содржини