Германската амбасада во Скопје алармира дека има луѓе кои со погрешни информации сакаат да извлечат профит за себе и апелира до граѓаните во земјава да не им веруваат на луѓе кои за пари ветуваат термин за поднесување на барање за виза, како и воопшто на луѓе кои се претставуваат како вработени во амбасадата.
-Лагите и погрешните информации Ви штетат Вам и на Амбасадата. Неодамна, беа уапсени 2 лица во Гостивар поради вакви обвинувања, а печатот повеќе пати известуваше за тоа, појаснуваат од Амбасадата.
Од таму бараат граѓаните да се заштитат и да бидат внимателни.
-Термини за виза се доделуваат само преку веб-страната на Амбасадата! Оној што Ви ветува термин за пари, лаже! Термините не може да се купат! Доколку некој Ви понуди фалсификувани или лажни јазични сертификати, одбијте! Нашите вработени се обучени и препознаваат вакви фалсификати. Вашето барање ќе биде одбиено. Детални и доверливи информации има на нашата веб-страна: www.skopje.diplo.de!“, порачаа од Германската амбасада.