СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ обвинува светски реномирана компанија како Бехтел дека краде пари и прави криминал

од Nikola Popovski
114 прегледи

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата, но сега отидоа чекор понатаму и обвинуваат светски реномираната американска компанија како Бехтел дека краде пари и прави криминал, порачаа од СДСМ.

Потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д.

-Со СДСМ државата се развива, а во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал, соопштија од „Бихаќка“.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера информираше дека за изградбата на Коридорите 8 и 10-д од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ се предвидени двете варијанти – поевтина и пократка со која автопатските делници ќе се изградат побргу (57 месеци или ќе бидат готови во 2027 година) и тоа ќе чини помалку пари, но и поскапата и подолгата за која досега јавно не се соопштени точна сума и временски периодот.

Тој најави дека конзорциумот за изградбата ќе користи 51% ресурси од нашата држава, поточно од нашите градежни компании, а останатото ќе биде опрема од странство.

Слични содржини