Бугари или македонски Бугари во Уставот? Османи ја расчисти дилемата

од Nikola Popovski
129 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска ја расчисти целата дилема околу тоа како ќе биде впишана бугарската заедница во Уставот на државата.

-Тие се точно прецизирани во потпишаниот протокол. И за Комисијата која е формирана во Министерството за правда ќе биде многу лесна работата, затоа што само треба да го земат Протоколот, таму пишува точно, таму каде што се спомнати останатите етнички заедници, после запирката пред други, треба да се додаваат и заедниците кои ќе бидат додадени – Хрвати, Бугари. Исто како и останатите, не може да има разлика од тоа како се впишани другите и тука сакам да ја пресечам дебатата, рече Османи на денешната прес-конференција во МНР.

Министерот истакна дека „Бугарите можат да влезат во Уставот само како дел од бугарскиот народ“.

Ова следува откако во јавноста се лиферуваа изјави од Бугарија дека Бугарите треба да бидат запишани како македонски Бугари.

Слични содржини