Владини функционери годинава ќе одат во Ерусалим по „Благодатниот оган“, а делегацијата ќе ја предводи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Оваа година ја имам честа да ги предводам државната и црковната делегација од Република Северна Македонија, во чиј состав се министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски Јосиф, а по повод учество на церемонијата „Преземање на Благодатниот оган во Ерусалим” во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел, објави Спасовски на својот Фејсбук профил.
Свечената церемонија на пристигнување на државната и црковната делегација и предавање на Благодатниот оган на аеродромот во Скопје, е предвидена утревечер, во 20 часот, со директен пренос на МРТВ.
Минатата година Благодатниот оган пристигна во Скопје. Беше преземен од свештени лица на Скопскиот аеродром и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.