Приведен анестезиолог од Тетовската болница кој на ТикТок снимал пациентки

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Приведено е лицето кое во живо на ТикТок покажуваше пациентки по сали, јавува ТВ21.

Лицето е анестезиол на Гинеколошкиот оддел во Тетово.

На видеото се гледа како лекарот се движи низ болницата и се смее додека ги снима колегите и пациентите згрижени во болницата.

Случајот во полиција го пријавил директорот на болницата, Пелумб Вела кој за телевизијата изјави дека ја осудува постапката и очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.

Слични содржини