ФТ: Кина одби посета на Блинкен

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Кина одби да му дозволи на американскиот државен секретар Ентони Блинкен да го посети Пекинг, наведувајќи дека официјален Пекинг не е подготвен повторно да ја организира посетата на Блинкен откако шефот на американската дипломатија ненадејно ја откажа посетата на Кина во февруари, пишува Фајненшл тајмс.

Блинкен претходно оваа недела рече дека посетата на Кина ќе се случи „кога ќе се создадат соодветни услови“ и додаде дека целта не е ниту да се задржи Кина ниту да се влезе во нова студена војна.

Во извештајот на „Фајненшл тајмс“ се тврди дека кинеските власти се загрижени дека администрацијата на Бајден би можела да го објави извештајот на ФБИ за соборениот кинески балон, со физички докази, и дека наодите би можеле да бидат објавени за време на посетата на Блинкен на Кина, пренесе Ројтерс.

Слични содржини