Приведено лице во Скопје барано по потерница

од Vladimir Zorba
118 прегледи

На 15.04.2023 во 18.10 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Г.(45) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Слични содржини