ЈОРМ: Притвор за анестезиологот од Тетово за неовластено снимање пациенти

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице за кривични дела – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.2 во врска со ст.1, како и Неовластено снимање според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

Осомничениот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Слични содржини