Ова е омилен брз појадок за многумина, но најмногу дебелее, особено во комбинација со кафе!

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Ништо подобро од топол кроасан на пат до работа, кој се топи во устата. Сепак, кроасаните во никој случај не се препорачуваат за појадок.

Нутриционистите истакнуваат дека тие драстично влијаат на зголемувањето на килограмите, многу повеќе од некои други висококалорични намирници. Кроасанот има неурамнотежен сооднос на хранливи материи и високо ниво на јаглехидрати.

Многу е калоричен и сè што ќе направите кога ќе го јадете е да започнете со процесот на таложење на маснотии во организмот, објаснуваат и додаваат дека е уште поштетно ако се конзумира со првото кафе наутро.

Ова најпознато француско пециво е направено од висококвалитетно брашно, но не содржи минерали и диетални влакна, кои се неопходни за стартување на метаболизмот, а со тоа и за согорување на маснотиите.

Доколку веќе сте љубители на тесто, наместо кроасани, нутриционистот препорачува да јадете леб, кифли или други производи од интегрално брашно, што нема драстично да влијае на дебелеењето.