344
Сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана, денеска се породи и на свет донесе син, кој го доби името Крстан.
Во породилиштето пристигнаа Светлана Цеца Ражнатовиќ, нејзината сестра Лидија Оцокољиќ и мајката на Богдана, Данијела Родиќ, како и Вељко, пишува „Нова.рс“.
Вељко неодамна откри дека веднаш знаел дека неговиот втор син ќе се вика Крстан.
„Токму така го планирав. Пред да се роди Жељко реков дека вториот ќе се вика Крстан и еве го“, изјави тој за „Курир“.
Да потсетиме, првиот син го добил името по неговиот дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан, а вториот се роди на неговиот роденден.