Судија на Менхетен во Њујорк денеска го одби барањето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се одложи судењето закажано за 25 април по тужбата дека Трамп изнел клевета на сметка на поранешната колумнистка на магазинот „Ел“, Е. Џејн Керол, кога тој негирал дека ја силувал.
Каплан рече дека случајот за Керол е целосно независен од кривичната пријава против Трамп за подмитување на ѕвездата од филмови за возрасни Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година за да ја спречи да ја открие нивната наводна сексуална врска, објави „Ројтерс“.
Адвокатите на Трамп минатата недела побараа од окружниот судија Луис Каплан во федералниот суд на Менхетен да одложи судењето најмалку до 23 мај поради, како што наведоа, неодамнешното негативно медиумско покривање за кривична пријава поднесена против Трамп.