Демонстрантите ширум Франција удираа во тенџериња за време на обраќањето на Макрон

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Демонстрантите во градовите ширум Франција синоќа се собраа пред градските сали, удирајќи во тенџериња и тави, за време на телевизиското обраќање на францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон си даде 100 дена да ја исчисти земјата по неколкунеделните насилни протести и гневот на јавноста поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање.

Повик да се бојкотира телевизискиот говор на претседателот на Франција и да се соберат пред градските домови низ Франција со „концерти на тенџериња“, упати здружението Атак.

Слични содржини