305
Смути кое ќе ви даде енергија за новиот ден.
Состојки:
– 2 банани
– 200 гр ореви
– 150 гр урми
– цимет, по желба
– 300 мл млеко
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека сè убаво не се соедини.
Истурете во чаши и послужете веднаш.