Дали Владата размислува да го регулира ТикТок? Ковачевски за случајот со анестезиологот од Тетовската болница

од Nikola Popovski
154 прегледи

Ако претседател на Влада каже за забрана на одредена социјална мрежа, тогаш тоа може да биде протоколкувано на различни начини, вака премиерот Димитар Ковачевски денеска одговори на новинарско прашање дали Владата размислува да преземе мерки за забрана на социјалната мрежа ТикТок или регулирање на нејзиното користење.

Ова следува откако анестезиолог од Гинекологија во Тетовската болница во живо пренесувал болнички прегледи и активности на соџијалната мрежа ТикТок, по што доби отказ од работното место, како и осумдневен притвор.

-Во делот на точно информирање на граѓаните, минатата недела имав разговори со претседавниот на САД, Џејмс Рубин и разговаравме токму во информациите и изворот на дезинформациите и плаќањето од трети држави. Овде станува за неетично и непрофесионално однесување на лекар и апсолутно ја поддржувам одлуката за санкционирање на вработениот. Вакво нешто не треба да се случува во било која друга, а не пак во здравството, рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

 

Слични содржини