Николас Кејџ откри која е најгадната работа која ја направил поради улога: „Го сторив тоа два пати“

од Stefanija Kuzmanovska
206 прегледи

Еден од најпопуларните актери и оскаровци, Николас Кејџ, ги откри негативните страни на својата професија.

Познато е дека актерите за најдобро да го прикажат ликот кој го толкуваат понекогаш се принудени да прават разни работи кои им се тешки, а кои работата која ја работат им налага да ги прават.

Познатиот актер Николас Кејџ во својата долга кариера покажа дека е голем професионалец, а за да биде на висината на задачата морал да направи бројни исклучително тешки потези при снимањето на одредени предизвикувачки кадри.

Николас Кејџ се потсети на една прилично гадна сцена од снимањето на популарен филм. Николас во таа прилика морал да јаде живи бубашваби додека ја снимал сцената за неговиот култен филм „Vampire’s Kiss“ од 1988 година.

„О, да, ги јадев два пати затоа што режисерот го направи тоа само за да се пошегува“, изјави популарниот актер.

Слични содржини