„Тоа беше кулминација“: Алабаковски среќен што го запалил „Ванчо Михајлов“, било во полза на народот

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Пејачот Ламбе Алабаковски во гостување во „Бомбакис поткастот“ изјави дека бил среќен и радосен затоа што го запалил бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“.

„Тоа беше кулминација на сите чувства, патриотски, кои сите во нас ги имаме, но не ги искажуваме. Не толку експлицитно. Сите ги имаме и ги искажуваме на различни начини. Тоа е тоа, наплив на емоции. Да не ја должам темата. Од денешна перспектива сум многу радосен и среќен од тоа што го направив, бидејќи на крајот од денот, сега после толку време, сето тоа излезе во полза за нашиот народ – дека никој не смее да те провоцира во сопствениот дом и да ти поставува ултиматуми“, изјави пејачот Алабаковски.

Слични содржини