На Ќафасан при влез на македонска територија кај две лица откриена марихуана

од Vladimir Zorba
112 прегледи

На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, при влез на македонска територија, во два одделни случаја полицијата запелнила марихуана и привела двајца странски државјани.

-Приведен е Г.П. (63) државјанин на Австралија, откако во комби возило, што го управувал е пронајдена поголема количина марихуана. Во вториот случај станува збор за Х.Т. (24), државјанка на Германија, кај која при претрес на кампинг возилото, со кое патувала, пронајдена е наркотична супстанца канабис скриена во чанта, стои во полицското соопштение, јавија албанските медиуми.

Како материјален доказ заплената е дрогата, чија количина не се наведува, а двете лица ќе одговараат пред судските органи во округот Поградец.

Ова не е прв случај на заплена на дрога при обид странци кои се камуфлираат како туристи, да се обидуваат да шверцуваат дрога.

Неодамна полицијата во албанскиот приморски град Валона уапсила четворица романски државјани, две момчиња две девојки, на возраст од 20 до 24 години, при обид да шверцуваат 260 килограми марихуана на грчка територија, во две луксузни кампинг возила, приспособени за транспорт на наркотици.

Слични содржини