Променливо облачно време до среда

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Во недела ќе преовладува посончево време, попладне само на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, соопшти УХМР.

Потоа до среда ќе биде променливо облачно, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.

Од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени, додаваат оттаму.

Слични содржини