Меѓу членовите на работната група за уставни измени и симпатизер на Путин, објавија од Белата Палата

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Меѓу членовите на работната група кои ќе разговараат за уставните е и Јагода Митревска, симпатизер на Путин, која долги години следела негови кампањи во Русија, соопштија утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше Ковачевски. Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, а на фотографии се гледа како гордо се фотографира пред простории и знамиња на партијата на Путин, таква фотографија е објавена на социјалните мрежи“, се вели во соопштението на опозциската партија, која, меѓу другото, прашува „каде оди Ковачевски“?