Ветеринар откри кои 5 раси на кучиња никогаш не би ги чувал

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Ветеринар сподели видео на својот TikTok во кое наведе пет раси на кучиња кои никогаш не би ги поседувал и објасни зошто.

Причините што ги навел се движат од здравствени проблеми до агресивното однесување на овие раси.

„Запомнете, ова е само мое мислење и можеби не се согласувате со него“, започна тој во видеото кое досега го погледнале 5,5 милиони луѓе.

5. Чау чау

„Сигурен сум дека имаат добри квалитети, но лично мислам дека обично немаат најдобар темперамент, резервирани се и знаат да бидат агресивни кон ветеринарите“, вели тој во видеото за расата што е рангирана петтa поради своето однесување.

4. Кавалиер шпаниел на кралот Чарлс

„Тие се едни од најубавите кучиња и кога би избрал раса за себе, би ги избрал само доколку немаат толку здравствени проблеми. Сите горе-долу добиваат исто срцево заболување, митрална валвула“, вели ветеринарот.

3. Јазовичари со кратко крзно

„Многу слатки кучиња и едни од моите омилени пациенти, но еден од четворица од нив развива проблеми со грбот во текот на животот кои може да варираат од болка до целосна парализа“, објасни тој.

2. Шар Пеи

„Тие имаат болест наречена по нив, треска Шар Пеи. Има луѓе кои ги растат без толку многу брчки, но сепак повеќето од нив се премногу збрчкани. Тоа е таков проблем што мора да им се поправат очните капаци за да не им ги иритираат очите“, објаснува ветеринарот.

Покрај тоа, тие имаат и проблеми со кожата, а често се обидуваат да ги гризат ветеринарите. Повеќето од Шарпеите што ги гледам имаат многу здравствени проблеми, истакна тој.

1. Француски булдог или мопс

„Имаат многу здравствени проблеми како проблеми со ‘рбетот, потоа проблеми со кожата, проблеми со очите. Фактот дека повеќе од половина од кучките од оваа раса мораат да направат царски рез за време на породувањето, за мене е етичко прашање и затоа не сакам да ги чувам“, објасни тој.

Слични содржини