107
Премиерот на Косово, Албин Курти, денеска оцени дека вчерашните избори во четири општини на северот на Косово поминале мирно и без инциденти, а Централната изборна комисија и полицијата на Косово изразија благодарност за добрата организација и безбедност.
Курти оцени дека одѕивот бил слаб бидејќи имало атмосфера на заплашување и уцена, пренесува „Репортери“.
„Имаше атмосфера на заплашување и уцени, па излезноста на граѓаните на изборите беше слаба. Бојкотот на север беше наметнат со кампања на закани од официјален Белград. Им благодарам на граѓаните за нивната храброст и смиреност“, изјавија Курти и им честиташе на избраните претседатели и заменици.